MedicalThink.mk

Subtitle

Добрe Дојдовте на нашата страница

Нашата цел е да во оваа страница овозможеме материјали од разни врсти на компликации, болести, третмани, биохемиски истражувања, болести предизвикани од бактерии и третирање на истите тие болести (превентива) по природен пат, по пат на антибиотици и разни видови на таблети, рендгенски зраци итн, како и статии (проверен медицински материјал) за стекнување на медицинско основно познавање кое може да послужи како патоказ на оние кои студираат на оваа широка гранка на науки, а и за оние кои не студираат да се стекнат со општо познавање на сопственото здравје.

Што е Остеопороза?
Остеопорозата е медицински проблем кој се базира на губење на коскената цврстина, како резултат на тоа тие стануваат кршливи. Коските ја губат својата цврстина, ги губат нивните градивни блокови и постануваат сунѓерести.
Коскената цврстина најповеќе се базира на содржината на калциум во коските.
Најчесто кај жените остеопорозата се појавува за време на менопаузата, бидејќи тогаш се намалува нивото на естроген, а естроген е хормон кој ја одредува висината на коскената маса.
Кај мажите оваа функција ја презема тестостеронот, каде неговото ниво се намалува за време на андропаузата, која се јавува една деценија покасно за разлика кај мажите, и затоа остеопорозата кај мажи се јавува една деценија покасно.
Како да се справиме со проблемите?
Најлесно за да се справиме со остеопороза пред се треба правилна исхрана која содржи т.е е богата со калциум, некои основни вежби за зајакнување на 'рбетот и пред се силна психичка база на оптимизам